Приведен осомничен за вчерашниот напад врз четворицата полицајци во Тетово

Е.Ј.(36) синоќа, половина час по полноќ, бил повикан и приведен како осомничен дека учествувал во групата што вчера попладне околу 18 часот и 30 минути нападна и повреди четворица полицајци на улицата „Никола Тесла“ во близина на центарот на Тетово.
- Е.Ј. е осомничен дека учествувал во спречување на службено лице во вршење на службено дејство и е задржан во полициската станица во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Прецизира дека најтешко повредениот полицаец бил опериран, но се уште е во животно загрозувачка состојба и се наоѓа на лекување на Скопските клиники. Неговиот колега што се здоби со тешки телесни повреди и кој, исто така, вчера бил упатен во Скопје денеска е пуштен на домашно лекување, а уште синоќа по добиената лекарска помош во Тетовската клиничка болница третиот полицаец бил пуштен дома. Четвртиот полицаец, кој ги придружувал повредените колеги до Скопје, имал полесни повреди и е пуштен дома.
Нападот врз четворицата полицајци се случил вчера при обид да уапсат четириесет годишно лице од Тетово што било осудено на издржување затворска казна од една година за нанесување тешка телесна повреда, при што едно лице со железна шипка нападнало еден полицаец за потоа во нападот да да се вклучат и други лица.
Полицијата работи на идентификување, откривање и приведување и на останатите учесници во инцидентот.
Ново на Сител
-

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини
-

Зголемени цените на услугите во транспорт и складирање, непроменети кај поштенските и курирските
-

Изминатите 24 часа во Крушево 34 литри дожд на метар квадратен
-

Тедрос: Конфликтот во источно ДР Конго е најголема пречка за запирање на еболата
-

Од идната сабота полагањe на матурата - три типа според видот на образованието
-

Мицкоски на отворање на „Mega shopping Park“ во Гевгелија
-

МВР: Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше за време на тестирање на моторот во Кејп Канаверал на Флорида
