-->
-->
Приведен осомничен крадец во радовишко
-->
Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш вчера околу 8:30 часот го лишиле од слобода И.А.(32) од село Габревци, општина Конче, кој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба“ во куќа во село Габревци, при што одзел пари.
Како што информираат денеска од МВР, кај него биле пронајдени одземените пари и ќе бидат вратени на сопственикот.
Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а исто така, признал дека и на 23 август извршил „тешка кражба“ во куќа во село Габревци.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настаните бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по нивно целосно документирање против И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти