Приведен криумчар на мигранти на граничниот премин Стар Дојран
На граничен премин Стар Дојран, вчера напладне полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Стар Дојран го лишиле од слобода М.К.(47) од Република Србија, кој со камион превезувал 20 мигранти.
Како што се наведува во соопштението од МВР, полицијата во содејство со царински службеници извршила контрола во товарното возило „Даф” со полуприколка со српски национални ознаки, кое го управувал државјанинот на Србија, при што биле пронајдени 20 лица мигранти од Сирија.
-Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
