Македонија
9. December 2024 - 11:50

Приведен криминалец од скопско, поднесена кривична пријава

На 08.12.2024 во 06.15 часот во с.Кучевиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(26) од с.Кучевиште, скопско. Тој се сомничи дека во текот на 2024 година во околината на Транспортен центар во Скопје извршил повеќе кривични дела дела „разбојништво“ и „тешка краба“ на дрзок начин и за него на социјални мрежи пишуваа  граѓаните.

Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и во консултација со јавен обвинител против е него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Судија на претходна постапка му определил мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.