Приведен криминалец од Арачиново баран со три централни потерници
На 13.04.2021 во 15.20 часот на ул.„Бoца Ивановска" во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Ќ.А.(29) од с.Арачиново, скопско, за кого биле распишани три Централни потерници од МВР на Република Македонија.
Тој бил баран по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Скопје, во врска со член 392 од Кривичниот законик за бегство од затвор за доиздржување казна затвор, по наредба на Основно јавно обвинителство за издржување притвор во врска со член 418 од Кривичниот законик, по наредба на Основен кривичен Суд Скопје, во врска со член 297 од Кривичниот законик и еден Централен распис од МВР во врска со член 372 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико