Македонија
4. April 2023 - 14:19

Приведен криминалец баран со потерница за тригодишна затворска казна

Денеска (04.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Т.(45) од нас.Илинден – Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.

 

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.