Македонија
15. December 2023 - 14:01

Приведен криминалец баран со потерница

Денеска (15.12.2023) во 12.20 часот во с.Горно Соње, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Ј.В.(46) од Куманово, со живеалиште во Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.