Македонија
3. December 2023 - 14:09

Приведен крадец, провалил во куќа во Штип

На 02.12.2023 во 10.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Х.Д.(27) од Штип. Тој се сомничи дека на 01.12.2023 во периодот од 18.00 до 00.00 часот со употреба на сила влегол во куќата сопственост на Е.С. од Штип и одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.