Приведен Косовец кој нудел пари на полицаец на „Долно Блаце“

Приведен Косовец кој не поседувал сертификат за професионален возач на автобус и притоа нудел пари на сменоводител на граничниот премин „Долно Блаце“ за да го пушти.
- На 07.03.2024 во 09.15 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.С.(45) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ по член 358 од Кривичниот законик. Имено, околу 08.50 часот на граничниот премин не му бил дозволен влез во државата на автобус со косовски национални ознаки затоа што возачот не поседувал сертификат за професионален возач на автобус. Набргу на преминот пристигнал Ф.С., сопственик на компанијата за која возел возачот, при што барал автобусот да биде пропуштен, соопшти МВР.
Притоа, тој понудил пари на сменоводителот, по што бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
