Приведен кондуктер во Железници поради криумчарење мигранти, кај него пронајдени 1.000 евра
Приведен е кондуктер во Железници на РСМ поради криумчарење мигранти, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
-На Железничка станица Велес синоќа во 19.20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А., на возраст од 28 години, од Скопје, кондуктер во Железници на Република Северна Македонија. Кај него биле пронајдени вкупно 1.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 418 – б од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението. Претходно, околу 18.30 часот на Железничка станица Кукуричани, неготинско, во патнички воз, кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ откриле две лица, мигранти од Сирија.
– Во службен разговор во полициска станица, тие изјавиле дека на кондуктерот му дале пари за да влезат во возот, се наведува во соопштението. А.А. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Протест на Кулакови против пресудата на Обвинителството
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?