Македонија
23. December 2022 - 11:36

Приведен кавадарчанец, при претрес во неговиот дом пронајдена дрога

 Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера во 18.15 часот, го лишиле од слобода М.А.(43) од Кавадарци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, три дигитални ваги, предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја и пари.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.