Приведен и вториот осомничен за предизвикување пожар во Старата скопска чаршија
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Б.А.(18) од скопското село Студеничани, кој беше баран по централен распис.
Како што соопшти МВР, Б.А. се сомничи дека на 28 август 2023 околу 4:00 часот на улица „Градиште“ во Старата скопска чаршија со малолетник од скопското село Моране предизвикале пожар во угостителски објект.
Малолетникот, како што се наведува, претходно беше лишен од слобода. Во домовите на двајцата беа извршени претреси, при што во домот на малолетникот беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
Од МВР информираат дека против двајцата беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“.
- Б.А. е изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во времетраење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Верските лидери со заедничка осуда на обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Мицкоски: Цените во маркетите пораснале за 0,4%, покажа анализата на ДПИ и Министерството за труд
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
