Македонија
11. March 2024 - 11:57

Приведен Французин на Долно Блаце - неговото возило вило барано од Интерпол

На 10.03.2024 во 20.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Л.(44) од Франција затоа што при извршена гранична проверка и контрола било констатирано дека возилото „ауди“ со француски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање од Интерпол, сооптшти МВР.

Возилото било одземено, а Г.Л. бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка, соопшти МВР.