Приведен дилер од демирхисарско, пронајдено и оружје

Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Демир Хисар- ОКП Битола на 26.08.2022 го лишија од слобода Д.Ѓ. (43) од с.Вардино, Демир Хисар. Тој неовластено набавил 37 семки од растението Cannabis и ги засадил во близина на неговата куќа, а инсталирал и систем за нивно наводнување. На 26.08.2022 по претходно добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот на Д. Ѓ., при што пронајдени и одземени се 37 стебла марихуана, метал детектор, ловна пушка „Црвена застава“, пиштол „VZOR“ 50 калибар 7.65мм со рамка со 3 куршуми, револвер 838М калибар 6мм, дигитална вага, футроли за пиштол, четка за чистење на оружје како и околу 80 куршуми од различен калибар.СВР Битола до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.Ѓ...
При преглед на теренот на парцели во с. Варадино и С. Единаковци од страна на полициски службеници од СВР Битола на три локации пронајдени се и одземени и 52 стебла марихуана со различна висина и развиеност и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
