-->
-->
Приведен албански државјанин за незаконит риболов
-->
10.10.2024 во 06.55 часот во водите на Охридското Езеро, спроти туристичката населба Свети Стефан, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро го лишиле од слобода И.Ц.(63) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ и прекршок „илегално преминување на државна граница“.
Со него бил извршен службен разговор, по што бил предаден во Основен суд Охрид за понатамошна постапка, а уловот бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор - Охрид. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група