Македонија
19. February 2025 - 12:21

Приведен 58-годишен маж од с.Чергане, бил баран со потерница

На 18.02.2025 во 22.30 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го привеле А.С.(58) с.Чегране, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „фалсификување на пари“ по член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. 

Тој бил предаден во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.