Приведен 32-годишен скопјанец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
На 16.06.2025 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.З.(32) од Скопје. На ул.„Христо Татарчев“, тој со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(33) од с.Сопиште, скопско.
Во несреќата со телесни повреди се здобила 24-годишната Ј.П. од Скопје, сопатничка во возилото „фиат стило“, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека Д.З. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен
-
Приведен 48-годишник, се заканувал кон поранешната сопруга и нејзината мајка
-
Се заканувал на неговата сопруга, приведени две лица од Зајас, при претрес пронајдени се оружје и муниција
-
Уписи на Скопскиот Универзитет, слободни над 9700 места за бруцоши
-
Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС
-
Приведени три лица, при претрес на возилата пронајдена е дрога | ФОТО
-
Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест
-
Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот