Македонија
18. October 2022 - 14:10

Приведен 29 годишник од Скопје за издржување на затворска казна од 22 месеци

Денеска (18.10.2022) во 12.00 часот на бул.„Филип Втори Македонски“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Д.(29) од Скопје.

За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.