Приватни разговори на поранешниот чешки премиер Петр Нечас со неговата соработничка и љубовница се објавуваат во судница
На денешното судско рочиште на кое се расправа за незаконското следење на сопругата на поранешниот премиер Петр Нечас, се објавуваат и неговите приватни смс пораки и телефонски разговори со неговата тогашна соработничка Јана Нагиова со која имал вонбрачна врска, јави дописникот на МИА од Прага.
Приватните разговори, биле снимени откако специјалната полиција интервенираше во зградата на Владата и откако премиерот Нечас си замина од функцијата по обелоденувањето на неколку корупциски афери и незаконско прислушување.
Поранешниот премиер се ожени со Нагиова по објавувањето на нивната љубовна афера и заминувањето од власта, претходно разведувајќи се од сопругата со која има три деца. Нагиова и уште тројца вработени во Агенцијата за разузнавање се обвинети за организирање на неовластено следење на Ратка Нечасова, сопруга на премиерот.
Објавувањето на приватните разговори меѓу премиерот и неговата тогашна соработничка и љубовница се образложува како потреба да се докаже колку големо било влијанието на Нагиова-Нечасова врз тогашниот премиер.
Во објавениот разговор, Нечас и соопштува на неговата соработничка дека и признал на сопругата дека е во врска и дека ќе се разведе.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Тошковски присуствува на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје
-
За една година уништени 300 тони небезбедна храна
-
Презентација на проектот „Гасење на пожари со употреба на современи техники“ на бригадата за ПЗ Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство