Притвор за разбојништво во казино во Богданци
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице од село Стојаково, општина Богданци за кривично дело – Разбојништво.
Како што соопшти Јавното обвинителство, на 28 јануари осомничениот маскиран со црна фантомка на лицето и со црни ракавици на рацете, носејќи ранец на грбот, влегол во казино во Богданци. Вперувајќи пиштол, се заканил дека ќе нападне врз животот и телото на една вработена – касиер во казиното. Осомничениот ѝ кажал на оштетената да ја отвори касата и да ги извади парите, па одзел 134.200 денари.
-Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело или дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-

Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
