Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворска полиција, беше спроведена акција под кодно име „Ланец“. Во акцијата, како што соопшти Јавното обвинителство, се лишени од слобода две лица осомничени дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Лицата, од кои еднотo e полициски службеник, од декември минатата година до денеска на територијата на Гостивар, Тетово и Скопје заедно со уште едно, до сега неидентификувано лице, се здружиле и организирале неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога кокаин. Дрогата во повеќе наврати ја купувале од непознати лица и ја држеле на безбедни локации во Гостивар и Скопје.
Како што информира Јавното обвонителство, откако полицискиот службеник ќе стапeл во контакт со заинтересирани лица кои сакале да набават наркотична дрога кокаин, ја договарал количината и цената. Потоа сам или заедно со некој од останатите членови на групата спакуваниот кокаин во поединечни пакувања со нето маса од по 0,50 грама до 1 грам по пакувања неовластено го пренесувале и продавале.
Цената по пакување, зависно од грамажата се движела од 2.500 до 6.000 денари, а паричните средства од купопродажбата осомничените меѓусебно си ги делеле.
-Предметниот јавен обвинител ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, ќе ја попречуваат кривичната постапка co влијание врз сведоците, соучесниците или прикривачите, како и поради постоење на особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против двајцата осомничени, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Застанала и излегла од возилото кое го управувала, тоа се придвижило и ја прегазило
-
Приведени двајца малолетници од Сарај, кај нив пронајдени два ножа и боксирач
-
Иницијатива GoDigital: Зајакнување на 15 македонски компании на нивниот пат за дигитална трансформација
-
Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
-
Излета возило од патот во Кичево – три лица повредени
-
12 полицајци од Арачиново и Гази Баба со измислени прекувремени земале бонус плати
-
30 годишник ја претепал невенчаната сопруга и нивните деца, па ја заклучил во соба
-
Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27 април“: Тоа е судска одлука, не би имал што да додадам