Притвор за осомничен за криумчарење злато и девизи на ГП „Богородица“
– Основното јавно обвинителство Гевгелија, постапувајќи по кривична пријава од Царинската управа, донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Скопје за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „криумчарење“.
Како што информира Јавното обвинителство, осомничениот на 16 декември 2022 година избегнувајќи ја царинската контрола преку царинската линија на граничниот премин „Богородица“, на излез од Република Северна Македонија, во автобус со турски регистарски ознаки, пренел непријавена стока од големи размери, во вкупен износ од 23.286.120 денари.
При детален преглед на автобусот, на левата страна од моторот во специјално направен бункер биле пронајдени 11.960 грама 14-каратен златен накит, спакуван во 23 пакувања, кој осомничениот не го пријавил на царинските работници, како и девизни средства – 262.500 американски долари и 154.000 евра сите во разни апоени спакувани во 16 пакувања.
Поради постоење опасност осомничениот да избега, определена му е притворска мерка во траење од 30 дена.
-Бидејќи оцени дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да ја попречува истагата со влијание врз сведоците и да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и му определи притворска мерка во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Вон контрола пожарот на грчкиот остров Крит во кој загинаа двајца пожарникари, а беа евакуирани села и 29 лица по морски пат
-

Дрон удри танкер за превоз на гас во египетско медитеранско пристаниште
-

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии
-

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција
-

Македонските одбојкари против Грција на отворањето на Медитеранските игри
-

Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
