Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните утрински часови, во дискотека во Кавадарци нападнале службено лице – полициски началник кој во моментот бил на должност и постапувал за откривање на сторители на недозволена трговија со дрога.
Кога во дискотеката го забележале началникот на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди – набиеници и расекотини.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничените. Предлогот е прифатен и судот им определи притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-
По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
-
Борозан останува во Вардар и следната сезона
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот
-
Кривична против 32-годишник, се заканувал со нож и се обидел физички да нападне едно лице
-
Сообраќајка во Скопје помеѓу „ауди“ и службено возило на МВР
-
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба
-
Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
-
Денеска средба помеѓу родителите на починатите во пожарот во Кочани и јавните обвинители