-->
-->
Притвор за албански државјанин, извршил полов напад врз своја сонародничка во Дебар
-->

Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против албански државјанин поради кривично дело „полов напад“.
-Кривична пријава е поднесена против М.Ф.(39) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад“. На 6 мај годинава во Дебар, пријавениот физички нападнал 52 – годишна албанска државјанка и се обидел да изврши обљуба врз неа, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него, полициски службеници од ОВР Дебар веднаш го пронашле и лишиле од слобода, по што судија на претходна постапка при Основниот суд во Дебар му одреди мерка притвор од осум дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
