Притвор од 30 дена за албански државјанин кај кој е пронајдено оружје

На албански државјанин кој илегално престојувал во Македонија и кај кој е пронајдено оружје му е одреден притвор од 30 дена. Притворот е побаран од Основното јавно обвинителство од Гостивар.
Од Основното јавно обвинителство од Гостивар денеска соопштија дека по оперативни сознанија извршен е претрес на местото каде престојувал 30-годишниот албански државјанин при што пронајдени се пушка-калашњиков и рамка со дваесет куршуми, како и повеќе предмети чие потекло се истражува, а за кои постои сомневање дека потекнуваат од извршени други кривични дела.
– Истражната постапка продолжува во насока на утврдување евентуално учество на осомничениот и во други кривично правни настани. Јавниот обвинител кој постапува во предметот поведе постапка против осомничениот за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот со решение го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице му определи притвор во времетраење од 30 дена, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
