Притвор од 30 дена за 63-годишен скопјанец за кого постои сомнеж дека задоволувал полови страсти пред малолетник

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 63-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела „Задоволување полови страсти пред друг“ од член 190 од Кривичниот законик. Едното полово дејствие, како што се наведува, тој го извршил пред дете кое наполнило 14 години.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Од ЈО посочуваат дека постојат околности што укажуваат на опасност од криење, односно дека осомничениот ќе се даде во бегство, постои оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.
Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Јавното обвинителство информира дека осомничениот на 24 јули, патувајќи со воз, во близина на Скопје, во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче, родено 2006 година кое патувало со возот. Девојчето, како што се наведува во соопштението, вознемирено се преместило на друго седиште, по што осомничениот продолжил кон друг вагон.
Осомничениот потоа седнал спроти други две жртви и започнал да се самозадоволува на јавно место.
- Оштетените видно исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле осомничениот и го однеле во полициска станица, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
