Македонија
27. July 2015 - 17:00

Притисок и насилства на СДСМ врз новинари

Етикетираат и се пресметуваат со новинарите, охрабруваат насилство врз нив и строга контрола на медиумите, а ЗНМ со молкот соучествува во обидот да создадат медиумска диктатура.

„Партиско гласило, глупави курири, куртони, дебили “. Ова се само мал дел од навредите кои ги упатуваат активистите и партиските новинари на СДСМ кон медиумите кои не мислат како нив и не пишуваат според вкусот на раководството на партијата.

Последната тенденција на кујните од Бихаќка е договорот од Прижина да се протолкува така што тие би добиле контрола над Агенцијата за медиуми, каде би добиле свој директор. Иако  во договорот немаше таква точка, Џабир Дерала побара фондацијата за која работи да ја контролира Агенцијата за медиуми.

Кога вели “Граѓанскиот сектор“, Дерала мисли на организациите кои се опструирани од фондацијата СОРОС која во последните 20 години е под контрола на СДСМ.

Истовремено, новинарската фела е згрозена од барањата на СДСМ да ја контролира оваа институција знајќи дека оваа партија соодветствуа со исклучително агресивен однос кон новинарите.

За потсетување, во последните 5 месеци неколку новинари беа нападнати од активисти на СДСМ и роднини на партиското раковотство. Тука е и Саше Ивановски Политико, кој заедно со активисти на СДСМ постојано го попречува работењето на новинарите.

И покрај ужасните услови за работа на настани на СДСМ и постојаните притисоци, ЗНМ ваквите дејствија ги пречекува со молк. Според фелата, молкот значи дека ЗНМ е соучесник во идејата на СДСМ да воспостави диктатура врз медиумите.