Пристигнува „СКОПСКО IPL“ – првото крафт пиво од Пивара Скопје

Пивара Скопје започна со производство на ново пиво – „СКОПСКО IPL“, прво од ваков вид на македонскиот пазар. Најновата бренд екстензија на СКОПСКО претставува автентично „крафт“ пиво, што како термин во пивската индустрија се користи за пива со уникатни карактеристики кои се резултат на употребата на квалитетни состојки во производството и голема умешност и искуство на пивските мајстори.
„Раководејќи се од потребите и желбите на нашите потрошувачи, кои секогаш се во центарот на нашето внимание, како и од големото значење на СКОПСКО за домашната пивска индустрија, одлучивме да направиме уште една значајна инвестиција во неговиот развој. Веруваме дека со ова ќе дадеме дополнителен импулс за натамошен развој на домашниот пазар на пиво, што секако ќе има позитивно влијание и за целокупниот развој на македонската економија. На ваков начин, Пивара Скопје уште еднаш ја потврдува својата определба и посветеност кон долгорочен одржлив развој кој ќе ѝ овозможи и понатаму да го дава својот значаен придонес за просперитетот на целата заедница“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин.

Новото „СКОПСКО IPL“ е светло пиво, облагородено со силна арома и угодна горчина кои придонесуваат за неговиот неодолив, богат и лесно препознатлив вкус. Уникатните карактеристики на ова ароматично пиво произлегуваат од четирите видови хмељ, кои потекнуваат од три различни континенти, како и од рачниот „крафт“ процес за негово создавање кој трае две недели подолго од вообичаениот технолошки процес за производство на пиво.
„Во производство на „СКОПСКО IPL“ се раководевме од рецептот на старите британски морепловци, стар над 400 години, на кој му ги додадовме најсовремените светски пивски трендови и секако нашата експертиза, големата страст и богатото искуство стекнато низ сите овие години на производството на омиленото пиво на многу генерации – СКОПСКО. Уникатниот процес на производство што го применуваме, наречен „dry hopping”, и различните видови висококвалитетен хмељ што ги употребуваме, му даваат на новото Скопско пиво навистина богат вкус и арома кои доаѓаат до израз откако претходно лесно ќе се протресе шишето“, објаснува Надица Николоска, сениор бренд менаџер во Пивара Скопје.

Со лансирањето на „СКОПСКО IPL“, како најнова иновација од областа на „крафт“ начинот на правење на пиво, Пивара Скопје го надополнува широкиот асортиман на пива кои веќе уживаат култен статус меѓу потрошувачите и со тоа дополнително ја зацврстува лидерската позиција на пазарот, која ја одржува веќе 95 години.

Дистрибуцијата на новото „СКОПСКО IPL“ произведено во Пивара Скопје веќе започнa, со што тоа станува достапно за сите љубители на пивото во земјава, во повратна стаклена амбалажа од 0.33л и лименка од 0.5л, по конкурента цена која одговара на врвниот квалитет на ова уникатно пиво.
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
