Пристигнаа во Грција првите шест оклопни возила од Германија
Првата пратка од шест оклопни возила од типот Мардер 1A3, од Германија пристигнаа во Грција, како дел од договорот меѓу двете земји, 40 грчки оклопни возила ΒΜΡ-1 да се испратат во Украина, а истите да бидат заменети со германски возила Мардер, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Генералштабот на армијата на Грција соопштија дека во следниот период, согласно соодветниот план, ќе пристигнат и останатите оклопни возила „со цел надградба на борбената способност на единиците на копнената армија, зголемување на нивната борбена моќ, како и зајакнување на интероперабилноста на моторизираните пешадиски единици“.
Министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулис одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со оклопните возила, во петокот, објасни дека од Германија, ќе добијат и муниција, а целиот процес на пренесување за земјата нема да има никаков трошок, бидејќи е на товар на Германија.
Според Панајотопулос, првите 20 оклопни возила за Украина веќе ги презела украинската страна на грчка територија, а во текот на оваа седмица, со одговорност на трета страна, односно на Велика Британија, ќе бидат пренесени во Украина.
На крајот на мај годинава грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц, донесоа одлука, во Украина да бидат испратени оклопни борбени возила од типот ΒΜΡ-1 со потекло од источна Германија, што Грција ги добила во 1994 година, а во исто време да се заменат со оклопни возила од типот Мардер што Германија ќе ѝ ги отстапи на Грција.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково