Пристигнаа првите вакцини во Македонија

Во Македонија денеска пристигнаа првите вакцини против Ковид-19. Првата пратка е од производителот Фајзер, а обезбедени се од Република Србија. Примопредавањето беше извршено на граничниот премин Табановце, каде што присуствуваше делегација од Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а беа пречекани од премиерот Зоран Заев.
"Драгоцен чин на пријателство и пријателски подадена рака од Србија". Вака шефот на македонската влада ја оцени соработката со нашиот северен сосед, при која се обезбедија четири илјади 680 вакцини од Фајзер.
Српскиот претседател Вучиќ, пак, нагласи дека сложените административни процедури ја одложиле пратката, а Србија има еден интерес со Македонија - продлабочување на пријателските односи.
Пристигнувањето на вакцините беше најавено за во четвртокот, но поради усогласување на техничката документација настанот беше одложен.
Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.
Интерес за вакцинирање преку веб сајтот вакцинација.мк до вчера имаа изразено над 40.000 граѓани.
Како што напомена министерот за здравство Венко Филипче на денешниот настан, вакцинацијата во Македонија ќе почне во среда.

Горан Симоновски
Ново на Сител
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
-

Клучни членки на ЕУ се против предлогот за прием на нови држави без право на глас?
-

Секој пациент ќе има електронско досие - нема веќе хартии во папка
