Пристигнаа налепниците со новата ознака „NMK“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во изјава за „Слободен Печат“ потврди дека налепниците „НМК“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до техничките прегледи ширум државата.
Иако претходно беше изјавено дека налепниците ќе се продаваат од 30 до 50 ден, министерот Панче Тошковски изјави дека ќе бидат на товар на државата.
Тендерот за набавка на налепниците „НМК“ го доби фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.
Според димензиите, МВР по различна цена ги набавува налепниците. Па така за налепница со димензија 99×42 МВР плаќа 35 денари, за налепниците со димензии 85×40 милиметри цената е 41 денар, налепниците со димензии 63×37 милиметри чинат 35 денари и налепниците со најмала димензија изнесува 29,5 денари за две налепници.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот