Пристигна втората пратка од 30 неинвазивни медицински респиратори од Швајцарија

Пристигна втората пратка од 30 неинвазивни медицински респиратори од Швајцарија наменети за болниците во државава. Активностите се реализираат преку Црвен крст Делчево, а последната пратка од респираторите наменети за болниците во државава е спроведена преку хуманитарната акција организирана од наши иселеници во Швајцарија.
-Целта на акцијата е опремување на болниците со соодветни апарати кои ќе овозможат да се спасат човечки животи во загрозени здравствени услови. Центар на примената опрема е нашата организација во Делчево од каде ќе се распределат во другите градови на државата, информираа од Црвен Крст Делчево.
Оттаму информираа дека донатор на респираторните апарати е Швајцарската фирма BCD Microtechnique.
-Иницијаторот на активностите е Дејан Аџиоски како и организациите и поединците што го овозможија тој проект.
Досега во Македонија преку овој проект доделени се 40 апарати во вредност од околу 400.000 франци.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
