-->
-->
Пристигна божиќната честитка за Мурињо
-->

Како што се навестуваше пристигна божиќната честитка за менаџерот Жозе Мурињо. Само седум месеци откако со клубот уверливо ја освои титулата во англиската Премиер лига доби отказ.
Наспроти уверливата игра во минатата сезона, во која покрај титулата беше освоен и Лига купот, Челзи оваа сезона пружа мизерни партии, при што по 16 кола има дури девет порази и се наоѓа на 16 место со само 15 освоени поени.
Ова е втор пат 52-годишниот Португалец да биде отпуштен од Челзи. Претходно тој од клубот од Стенфорд бриџ доби отказ во 2008 година.
Мурињо летоска го продолжи договорот со Челзи до 2019 година, а според англиските медиуми на Португалецот ќе му биде исплатена отпремнина од неверојатни 40 милиони фунти.
Како најсериозни кандидати за клупата на Челзи се споменуваат Гус Худик и Хуаде Рамос, а дел од медиумите шпекулираат и со името на Пеп Гвардиола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
