Пристапот до „Википедија“ е блокиран поради оцрнување на имиџот на Турција
Пристапот до најголемата интернет енциклопедија - Википедија е блокиран во Турција поради оцрнување на имиџот на земјата, соопшптија турските власти.
- Наместо да придонесува за борба против тероризмот, Википедија стана дел од кампањата за оцрнување на имиџот на Турција на меѓународната сцена, наведува во соопштение турското Министерство за транспорт, морепловство и информации.
Министерството нагласува дека раководството на Википедија било информирано да престане со објавување на „лажна и непотврдена информација“ за поврзаност на Анкара со терористички организации. Но и покрај предупредувањата, Википедија одбила да ја отстрани содржината. Како резултат на тоа дошло и до забрана за пристап, која е наметната од турскиот Совет за информатичка технологија и комуникации, без претходно да биде донесена судска одлука. Забраната предизвика протести на социјалните мрежи.
Пристапот до Википедија би можел да биде обновен доколку барањата на Турција бидат исполнети, јавува турската агенција Анадолија.
Ново на Сител
-
Маск: Време е САД да се повлечат од НАТО и ОН
-
Во текот на една недела санкционирани 136 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Њујорк тајмс: Трамп ќе разговара за прекин на воената помош за Украина
-
Лондон: „Нема договор“ за предлогот за делумно примирје во Украина
-
Џејмс ја оствари јубилејната 1.000 победа во НБА
-
Консеисао не планира да поднесе оставка по поразот од Лацио
-
Манчестер јунајтед сака да го купи договорот на Осимен
-
Барселона се врати на врвот со убедлив триумф над Реал Сосиедад