Пристапни рампи за лицата со хендикеп во културните објекти во Ресен

Лицата со хендикеп добија можност непречено да ги следат културните настани во Ресен, откако во двата објекти што се под надлежност на Домот на културата „Драги Тозија“, кино салата и за изложбениот салон сместен во Ресенскиот Сарај, беа поставени пристапни рампи.
Уметникот-бакрорезец од Ресен, Гордана Стојановска, вели дека пристапот често ја ограничувал да ги посетува настаните од областа на уметноста, особено ликовната, затоа што секогаш зависела некој да ја искачи низ скалите.
Културните установи во земјава беа задолжени да им овозможат пристапи на лицата со хендикеп во нивните простории. Но, во случајот на Ресенскиот Сарај, како заштитен споменик на културата, мораше да се најде соодветно решение.
- Навистина ни причинуваше големо задоволство што пуштањето во функција на таа пристапна рампа беше за време на изложбата на познатиот уметник Владимир Темков, каде што после подолг период присуствуваа лица со посебни потреби. Самата пристапна рампа е монтажна, која за да не го нарушува ликот на установата, може во одреден период кога има потреба да се тргне настрана, рече директорот Васко Василевски.
Ресенскиот сарај, познат како сарајот на Ахмет Нијази-бег, е еден од најпретставителните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија, изграден на почетокот на 20 век.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
