Приштина и Белград почнаа соработка околу убиството на Ивановиќ
По речиси три недели од убиството на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, властите на Косово почнаа соработка со своите српски колеги, со цел што побрзо расветлување на убиството.
Основното јавно обвинителство од Косовска Митровица потврди дека дел од документите од истрагата и се дадени на српската страна.
Информацијата за телевизијата Клан Косово ја потврди и косовскиот министер за правда Абелард Тахири, но не прецизираше за какви документи станува збор.
Неофицијално се дознава дека еден од документите е извештајот од обдукцијата.
Во меѓувреме, заменик директорот на регионалната полициска дирекција за северниот дел на Косово, Бесим Хоти, информираше дека се уште нема ништо конкретно околу идентитетот на можниот извршител на убиството.
- Нема ништо конкретно. Полицијата ќе ги истражува и тврдењата на срскиот новинар Стефан Цветковиќ, кој посочи полициски службеник како можен убиец, изјави Хоти, упатувајќи апел до населението да соработува и да помогне во расветлувањето на убиството.
Хоти нагласи дека нема напредок во врска со можниот сторител на убиството на Ивановиќ и додаде дека работната група која врши истрага за случајот работи непрекинато.
Лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“, (СДП), Оливер Ивановиќ, беше убиен утрото на 16 минатиот месец, кога во него беше пукано пред неговата канцеларија во Косовска Митровица.
Ново на Сител
-
Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа
-
Калас: Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната
-
Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна
-
Пребројување министерски места
-
Орбан: Мора да спречиме Европа да влезе во војна со Русија
-
"Марш за живот" во Тирана против предлог-законот "Сексуален живот и репродукција"
-
Тепачка меѓу затвореници во Идризово
-
Зеленски: Намерата на Трамп со отстапки да ја заврши војната во Украина може да биде опасна