Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало

МВР излезе со детали за убиството на припадникот на АРМ, Агим Мухареми кој животот го загуби во вооружена престрелка на влезот во село Батинци.
На 11.07.2025 околу 10.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влезот на с.Батинци, скопско, Џ.М. пукал кон А.М. (50) од с.Батинци. А.М. бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде околу 11 часот им подлегнал на повредите.
„Според пријавеното од страна на Е.М. (20), ќерка на А.М., тие околу 8.30 часот биле на Клиниката за неврологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, при што Џ.М., се обидел телефонски да контактира со неа, но таа одбила, затоа што во претходниот период Џ.М. и се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него. Потоа, А.М. и Џ.М. со возило се упатиле кон домот во с. Батинци, но на влезот на селото, патот им бил попречен од возило од кое излегол Џ.М. и пукал кон А.М., се вели во полицискиот билтен.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
