Принцот Лека: Само кралската круна може да обезбеди обеднување на Албанија и Косово

Единството меѓу Албанија и Косово, за кое се заложи албанскиот премиер Еди Рама, може да се постигне само со кралската круна, порача албанскиот престолонаследник, принцот Лека.
Тој на социјалните мрежи напиша дека „обединувањето на Албанија и Косово, две држави со една нација“ треба да се постигне со враќање на монархијата.
- Националното обединување било, е и ќе биде сон и заложба на кралското семејство од генерација до генерација, дури и кога никој друг не се осмелуваше да го артикулира тоа! Тоа се остварува со кралската круна во двете држави како симбол на ова единство. Ова би била логиката на вистинска стабилност, традиција и вистински просперитет, како што укажуваат успешните примери во најразвиените западни земји, пишува принцот Лека.
Инаку, Рама вчера од Приштина порача дека заеднички претседател за Албанија и Косово ќе биде најдобар пример за единство на двете земји и оти тоа би можело да се реализира по десет години.
Ново на Сител
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
