-->
-->
Принцот Хари и Меган го поканија Обама на свадба
-->
Британскиот принц Хари и неговата свршеница Меган Маркл го поканија поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел да присуствуваат на нивната венчавка на 19 мај.
Извор близок до кралското семејство, изјави за весникот „Дејли стар“ дека Хари и Меган „сакаат да го направат тоа на свој начин" и покрај препораките на советниците да се воздржат од покани.
Се стравува дека таквиот потег ќе го разгневи актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кој не е поканет, и дека ќе ги разниша дипломатските односи со САД.
Хари и Меган, сепак, одлучија да дејствуваат самостојно, испраќајќи му покана на Обама.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка