Принцот Чарлс и сопругата на балканска турнеја, само Македонија не е на агендата

Престолонаследникот на Велика Британија, принцот Чарлс од Велс, и неговата сопруга Камила Паркер, војвотката од Корнвол, денеска од Загреб ја започнуваат турнејата во земјите од Западен Балкан - Хрватска, Србија, Црна Гора и Косово, со цел промовирање на мирот, помирувањето, обновувањето и поддршката за младите, пренесува БТА.
Денеска тие ќе имаат средби со претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ и со премиерот Тихомир Орешковиќ, а предвидено е и да присуствуваат на прославата во Народниот театар по повод 70-годишнината од создавањето на Британскиот совет во Хрватска.
Утре кралската двојка ќе го посети градот Осиек, каде што ќе присуствува на средба со различни локални верски и етнички заедници.
Ова е десетата посета на принцот Чарлс во овој регион, а прва на војвотката од Корнвол.
Тој првпат ги посети Хрватска, Црна Гора, Србија и БиХ во 1978 година. Досега ја посетил Босна и Херцеговина четири пати, Хрватска - четири пати, Македонија и Косово еднаш.
Нивната турнеја ќе трае до 19 март.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
