Фудбал
23. September 2015 - 9:30

Примера: Гризман донесе победа за Атлетико Мадрид

Екипата на Атлетико Мадрид синоќа постигна победа на еден од првите три натпревари од 5.коло во Примера и изби на чело на табелата со 12 бода, колку што има и Барселона, која својот натпревар го игра вечерва.
 
Атлетико го победи Хетафе со 2:0 со двата гола на Антоан Гризман.
 
На другите два дуела од синоќешната програма:
 
Еспањол – Валенсија 1:0 и 
Гранада – Реал Сосиедад 0:3.
 
Вечерва се играат натпреварите:
 
Селта – Барселона, 
Леванте – Еибар, 
Рајо Ваљекано – Хихон, 
Атлетик Билбао – Реал Мадрид, 
Лас Палмас – Севиља и 
Малага – Виљареал.
 
Утре играат: Бетис и Депортиво.
 
Табела: Атлетико Мадрид 12 бода, Барселона 12, Реал Мадрид 10, Виљареал 10, Селта 10, Еспањол 9,...