-->
-->
Примера: Дербито на Мадрид без победник
-->

Нерешено 1:1 заврши дерби натпреварот на седмата рунда од шпанската Примера одигран синоќа во Мадрид меѓу Атлетико и Реал.
„Кралскиот клуб“ кој ја имаше улогата на гостин поведе во 9.минута со голот на Карим Бензема, а Атлетико Мадрид изедначи преку Лучиано Вието во 83.минута.
Во 22.минута Атлетико не реализира пенал, бидејќи ударот од 11 метри на Антоан Гризман голманот на Реал, Кеилор Навас успеа да го одбрани.
На другите натпревари од овој круг:
Селта - Хетафе 0:0,
Севиља - Барселона 2:1,
Гранада - Депортиво 1:1,
Еспањол - Спортинг Хихон 1:2,
Лас Палмас - Еибар 0:2,
Малага - Реал Сосиедад 3:1,
Рајо Валекано - Бетис 0:2,
Атлетик - Валенсија 3:1,
Леванте - Виљареал 1:0.
Табела: Виљареал 16 бодови, Реал Мадрид 15, Селта Виго 15, Барселона 15, Атлетико Мадрид 13,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
