Фудбал
3. April 2017 - 11:30

Примера: Барселона држи чекор со Реал М.

Екипата на Барселона забележа очекувана победа на гостински терен над Гранада во натреварот од 29.коло одигран синоќа. Барселона славеше победа со 4:1, а стрелци на головите беа Луис Суарез (44.минута), Пако Алкасер (64), Иван Ракитиќ (83) и Нејмар (90+1). 
Голот за домаќините беше дело на Жереми Бога (50).
 
Покрај овој меч вчера се одиграа и средбите: 
Севиља – Хихон 0:0, 
Реал Мадрид – Алавес 3:0 и
Валенсија – Депортиво Ла Коруња 3:0.
 
На натпреварите одиграни претходно:
Еспањол - Бетис 2:1,
Виљареал – Еибар 2:3,
Осасуна – Атлетик Билбао 1:2,
Реал Сосиедад – Леганес 1:1 и 
Малага – Атлетико Мадрид 0:2.
 
Колото ќе биде комплетирано вечерва со дуелот Селта – Лас Палмас.
 
Табела: Реал Мадрид 68 бодови (натпревар помалку), Барселона 66, Атлетико Мадрид 58, Севиља 58, Реал Сосиедад 49, Виљареал 48, Атлетик Билбао 47,..