-->
-->
Примера: Атлетико го „реши“ Реал
-->

Со голот на Антоан Гризман во 53.минута, екипата на Атлетико Мадрид го совлада градскиот ривал Реал Мадрид со 1:0 и се зацврсти на втората позиција на табелата.
За „кралскиот клуб“ ова беше втор пораз сезонава на домашен терен, првиот го претрпе од лидерот Барселона.
Токму Барселона има шанси утре со евентуална победа да му „избега“ 12 бода на Реал, и осум на Атлетико и да направи огромен чекор кон нова титула.
Минимален триумф (1:0) на гостински терен забележа и Лас Палмас, синоќа против Еибар на отворањето 26.коло во Шпанското фудбалско првенство.
Вечерва играат:
Хетафе – Селта,
Спортинг Хихон – Еспањол,
Бетис – Рајо Ваљекано и
Сосиедад – Малага.
Двојките за утре се:
Виљареал – Леванте,
Валенсија – Атлетик Билбао,
Депортиво – Гранада и
Барселона – Севиља.
Табела: Барселона 63 бода, Атлетико Мадрид 58, Реал Мадрид 54, Виљареал 49, Севиља 41, Селта Виго 38,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
