Прилепскиот театар ја подготвува претставата „Пиреј“
Во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп интензивно се работи на подготовка на новата претстава „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, која премиерно ќе биде изведена на крајот на април.
Според режисерот Ѓорѓиевски, автор како Петре М. Андреевски е голема инспирација и за него како режисер, но и за актерскиот ансамбл.
- Андреевски навлегува длабоко во судбината на овој народ, продира во неговата душа, и имам впечаток кога човек ги говори неговите зборови како да ги корне зборовите од длабочината на душата. „Пиреј“ е објавен 1980 година во други околности. Романот зборува за многу горлива тема за нас и нашето поднебје, за нашето парчосување по Балканските војни и периодот на Првата светска војна. Петре е актуелен и живее во некои непроменети околности последниве сто години. Претставата „Пиреј“ ќе биде претстава за човекот, за расцепот на овие простори, за растргантоста на народот, бидејќи мене ме интересира субината на човекот од крв и месо, рече Ѓорѓиевски.
„Пиреј“ на сцена првпат е поставен во 1982 година во Битолскиот театар, во режија на Владимир Милчин. По повеќе од 35 години се поставува повторно, овојпат на сцената на театарот во Прилеп.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024