Прилепскиот катастар го изготви првиот бесплатен елаборат
Прилепскиот катастар денеска го додели првиот бесплатен елаборат кој одделението го изготви според новите законски измени.
Како што објаснува раководителот на одделението Жаклина Кондоска, тоа се поволности за граѓаните и правните лица.
- Со измените во Законот за катастар на недвижности, кон крајот на март годинава, катастарот може без надомест, да врши премер на недвижности на згради, делови од згради и други објекти и да изготвува геодетски елаборати без надомест, во интерес на граѓаните. Да појасниме, правото може да го остварат граѓаните и правните лица кои имаат правно-техничка документација, издадена до стапување на сила на Катастарот на недвижности за општината, во Прилеп тоа е до 1999 година, објаснува Кондоска.
Семејството на Саша Лепиткова е првото во Прилеп кому, врз основа на правно-техничката документација, катастарот бесплатно му изготви елаборат.
- За овој проект на Агенцијата за катастар дознав од медиумите, се информирав и поднесовме барање за изготвување елаборат врз основа на правно-техничката документација што ја имавме. За два дена ни го изготвија бесплатно елаборатот и задоволни сме што заштедивме трошоци. Станува збор за семејна куќа, изградена 1971 година, вели Лепиткова.
Од одделението за катастар во Прилеп информираат дека за издавање бесплатни елаборати досега има поднесено пет барања и очекуваат граѓаните поинтензивно да ги поднесуваат. На сите што ги исполнуваат условите, ќе им биде бесплатно изготвен елаборат.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри