Прилепската болница работи со четири ковид-оддели, се подготвува и модуларната болница
Прилепската болница со четири ковид оддели, заедно со инфективното, се справува со бројот на хоспитализирани пациенти и очекува наскоро да завршат подготовките за отворање на модуларната болница.
Според директорката на прилепската болница Кети Смилеска, во болницата се хоспитализирани 77 пациенти, а активиран е и ковид одделот на гинекологија.
– За жал, не беа доволни инфективното, ковид-одделите на одделенијата за уво, нос и грло и на интерното, па мораше да го активираме и одделот на гинекологија. Хоспитализирани се 77 пациенти од кои дури 67 се на кислородна поддршка. Дневно околу 85 пациенти доаѓаат на терапија. Имаме слободни уште 30-тина кревети. Целиот персонал максимално е ангажиран да им помогне на пациентите, вели Смилеска.
Забрзано се работи и на оспособување на модуларната болница. Денеска се работи за напојувањето со електрична енергија поради што имаше неколкучасовен прекин на електричната енергија, но работи генераторот.
-Очекуваме денеска комплетно модуларната болница да биде под напојување со електрична енергија. Затоа ги известивме граѓаните кои имаа потреба да доаѓаат на преглед во периодот од 11 до 14 часот, да го одложат тоа за неколку часа.Тоа значи дека може да се вршат најнеопходни прегледи, во функција е генераторот, но сите оддели немаа целосно напојување со електрична енергија. Сето ова е за да се оспособи доводот на електрична енергија во модуларната болница која има капацитет од 30-тина легла, вели Смилеска.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
