Прилепчани дома за Стара Нова година, помал е интересот за пречек во угостителските објекти
Главно дома, со друштво и во расположение со најблиските, прилечани ќе ја пречекаат Стара Нова година. Велат, јануари е со празници, го истоштува домашниот буџет, често непотребно се претерува со трошоците, но традицијата мора да се одржува. Особено што прилепчани имаат посебна традиција, за Василица да се заврти мазникот и да се побара среќната паричка.
Прилепските угостители признаваат дека се намалува интересот да се слави во угостителските објекти. Еден од најстарите и најискусни угостители Киро Илиески вели дека има причини за намалениот инетерес.
-Се чувствува во последниве години дека сѐ помал е интересот за пречек на Стара Нова година во угостителските објекти. Прво, Прилеп има традиција за пречекот на Стара Нова година да се седи дома. Имаме гости од друштва кои сакаат да си организират пречек на вечерта (на 13 јануари) за Стара Нова година, но евидентно, интересот се намалува, како што беше и за новогодишните празници. Има неколку причини зошто е тоа така. Прво е беспарицата, луѓето се истоштени од јануарските трошоци и празнувања. Второ, сите се преокупирани со сѐ и сешто: со политичките ситуации, со секојдневието, но и го нема тоа расположение. Ние се трудиме цените и услугите да ги адаптираме на потребите и можностите на граѓаните, но како да нема посебно расположение, коментира прилепскиот угостител Илиески.
Прилепчани ќе ја почитуваат традицијата за Стара Нова година, Василица. Велат мора да се собере семејството и да ја побара среќната паричка, а во неа треба да се верува зашто среќата никој не знае каде се крие.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен