Македонија
8. May 2018 - 16:55

Прилепчанецот Сашо Ѓелев изигран од поранешната сопруга, не може да си го гледа детето

Иако веќе 3 години е разведен со сопругата од Центарот за социјални работи од Прилеп не му даваат решение кога може да го гледа своето дете.

Голготата на прилeпчанецот Сашо Ѓелев започнува во 2016 година кога според него бил изигран од неговата сопруга да се потпише на документ за пасош дека детето мора да оди на лекување во Србија, а сопругата од Србија практично бега со детето во Црна Гора и не се враќа повеќе.

„Значи година и половина помина, јас го немав видено своето дете нииту пак неа. А во меѓувреме одев во Центарот за социјална работа и барав средби и тие ме известуваа дека неможеле да ја најдат, ми виикаа јас да им н ајдам нејзина адреса. Јас појдов во полиција, тие ми рекоа да одам во Центарот и така ме шетаа од врата на врата, незнаев што да правам“, вели Ѓелев.

За прв пат оваа случка своето дете го гледа дури после година и половина.

„После година и половина јас случајно го гледам моето дете на улица во Прилеп. Може да замислите каква драма се случи тогаш. Веднаш тргнав по сите инстиитуции да ги изивестам дека таа е тука. Од Центарот за социјална работа ми рекоа јас да им најдам нејзин телефонски број“, вели Ѓелев.

Поднесол кривична пријава против сопругата за одземање на малолетник. Основниот суд носи пресуда дека е виновна. Таа разбира за тоа I се жали на одлуката. По 2 години судски лавиринти се носи нова пресуда дека таа не е виновна бидејќи немало сеуште решение за тоа кога Ѓелев може да го гледа своето дете.

„Јас моето дете го имав видено само кога имавме судење, тоа е срамота. Детето свое да го гледаш само кога имаш судење и да се молиш да има судење да го видиш детето и тоа само 2-3 часа“, додава Ѓелев.

Од Центарот за социјална работа истакнаа само дека се запознати со случајот, работеле на него, но не можеле да кажат ништо повеќе заради заштита на идентитетот на детето. Очекувале наскоро разврска која ќе биде најдобра за детето.

Ѓелев пак бара помош од Министерството за социјална работа да интервенира за побрзо решение на случајот.