Прилепчанец се откажа од трудната девојка, муслиманка, поради традицијата – сунет
Среќата никој не си ја знае и тоа е навистина така. Од секогаш посакував среќно и убаво семејство со весели и безгрижни дечиња. Искачувајќи се по скалата на животот и стасувајќи до портите на вистинската љубов некој ме сопна и сега повторно сум на дното. Пред мене повторно се илјадници и илјадници скали, но дали ќе соберам доволно сила и енергија за да се искачам не знам.
Она кое еднаш е скршено колку и да го лепиш и преправаш си останува скршено, така е и со човековата душа.
Јас (24) се сеќавам како вчера да беше денот кога ја запознав во еден ноќен клуб мојата неодамнешна вереница. Уште од истата ноќ знаев дека ќе бидеме среќни ако сме заедно. И да, токму така беше. Нашата љубовна авантура прерасна во стабилна и цврста љубовна врска која траеше цели 14 месеци. Но се што е убаво кратко трае, рекол некој и баш така е. Кога ја побарав за моја животна сопатничка од нејзините татко и ми рече ќе биде твоја само кога ти ќе станеш Муслиманин и ќе направиш сунет, инаку не доаѓа во предвид. Не знаев што да правам.
Никако не можев да се одлучам. Едноставно моравме да прекинеме се. Но како јагодка на шлаг излезе дека таа е бремена 5 недели веќе. Никој не знаеше, освен таа и јас. По многу непреспиени ноќи и пролеани солзи таа мораше да абортира. За неполн месец слушнав дека заминала во Тирана. Веќе три години ја немам видено и слушнато. Можеби негде е среќна и успешна…
Ново на Сител
-
Утре врнежи од дожд, на повисоките планини повремен снег
-
Кривична против лице од Неготино за „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“
-
Москва му одговори на Зеленски за „заменски реквизити“, го нарече кловн и губитник
-
Гаши: До собранието се уште не е доставена оставка на Таравари, ниту предлог за гувернер
-
Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори
-
Лишени од слобода две лица во Гостивар и Тетово, возеле со 1.74 и 1.52 промили алкохол во крвта
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер